13 март 1907, роден е Петре Прличко

На денешен ден во 1907 година во Велес е роден истакнатиот македонски актер Петре Прличко кој се има појавено во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.
Сам по себе претставува вистинска легенда, со филмот „Фросина“ од1952 го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува неговиот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу актери.
Ќе остане запаметен по многу улоги како Мандана во „Мис Стон“, стрико Тале во „Мирно лето“, Никола Попов во „Солунските атентатори“, Фезлиев во „Денови на искушение“, Мојсо во „Македонска крвава свадба“ и други филмови.
Почина во Скопје, на 16 ноември 1995 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.