13 годишното девојче, три пати силувано, таткото за 500 евра не успеал да го докаже случајот

На прв поглед, оваа зграда изгледа како институција во која треба да има деца, но приказната зад овие ѕидови е сосем поинаква. Ова момче кое седи во ходникот на Домот „25 Мај“ и пуши цигара како возрасен маж, има само 13 години. Иако тоа го прави внатре во објектот, никој не му вели дека пушењето е забрането, пренесува ТВ 21.Објектот е безбеден само кога доаѓаат новинари, бидејќи тогаш целиот персона се грижи камерите да не снимаат нешто со што ќе се наруши угледот на институцијата.
Силуваното девојче за кое изминативе неколку недели континуирано се зборуваше во медиумите го познаваат речиси сите во овој дом.
Иако сите слушнале за случајот, само еден од нејзините врсници се охрабри да проговори за тоа, во кој вели дека девојчето не го видел речиси 8 месеци, а додека престојувала во овој дом, два пати и подметнале пожар во собата во која спие. Ова не е прв случај истото девојче да биде мета на педофили, пренесува ТВ21
Иако ова е центар за згрижување на деца, овде се сместени и цели семејства кои велат дека тука се само привремено.
ТВ 21 пренесува дека од управата велат дека случајот со силуваното девојче не се случил во објектот на Домот “25 Мај“ туку во објектот „Ранка Милановиќ“. Во „25 Мај“ има 25 деца напуштени од семејствата, додека во „Ранка Милановиќ“ има 18 деца, кои според вработените, се попроблематични и се деца кои веќе извршиле некакво незаконско дело.
И во домот „Ранка Милановиќ“ состојбата не е подобра. Вратите се отворени, а се собираат и лица кои не живеат тука, пишува ТВ 21.
Народниот правобранител извршил увид а Основното јавно обвинителство отворило истрага за предметот.
Нејзиниот татко, минатата година го пријавил случајот во полиција дека неговата ќерка била силувана во Струга, а полицијата само го регистрирала случајот. Бидејќи полицијата не го проследила случајот до надлежните органи, таткото на девојчето Шефќет побарал од Институтот за судска медицина да направи анализи за да се утврди сексуалното насилство врз неговата ќерка, но оттаму му побарале 500 евра, пари кои не можел да ги обезбеди, пишува ТВ21.
Социјалниот центар е од отворен тип, што значи дека децата имаат право да излегуваат надвор кога сакаат, а вработените не можат да ги спречат. Од Домот „25 Мај“ велат дека секој пат кога девојчето се оддалечувало од домот, полицијата била информирана.
 
Објектот е безбеден само кога доаѓаат новинари, бидејќи тогаш целиот персона се грижи камерите да не снимаат нешто со што ќе се наруши угледот на и

Пронајдете не на следниве мрежи: