Словенија:Забранети комерцијалните летови со балони

Loading...

Јавната агенција на Словенија за цивилен авионски сообраќај ги забрани сите комерцијални летови со балони.

Забраната уследи по несреќата од минатиот четврток во близина на Љубљана, во која загинаа три лица, две се борат за живот, а повеќе повредени сè уште се во болница.

Истрагата на оваа несреќа сè уште е во тек, а некои резултати ќе бидат познати до крајот на оваа недела.

Според досегашната истрага, несреќата се случила заради вкрстување на ветерот ниско над земјата, што предизвикало потешкотии при управувањето на балонот.

Преземено од Макфакс.

 

loading...
Loading...