Коосновачот на интернет компанијата Google, Сергеј Брин, бил забележан од блогерите во њујоршкото метро со футуристичките очила -компјутер Google Glass,Google кои даваат графички информации на дисплејот кој се наоѓа директно пред десното око на корисникот, пишува техноблогот TechCrunch во вторникот.
Компанијата Google го претстави првиот уред Glass во април 2012 година, а примеот на прототиповите за програмерите започна од јуни истата година. Кон крајот на јануари или – почетокот на февруари, Google ќе организира настан на кој програмерите ќе можат да се запознаат со апаратот Glass и да започнат да креираат софтвер за него. Испораката на компјутерите со префиксот Google, инаку, сé уште не е започната. Лансирањето на Google Glass на глобалниот пазар, исто така, не се очекува до 2014 година.
Во меѓувреме, еден од главните иницијатори на на проектот Google Glass, коосновачот на компанијата, Сергеј Брин, веќе го користи уредот во секојдневниот живот, пишува порталот. Њујорчанецот Ноа Зеркин го забележал Брин, кој носел Google Glass, во градското метро и направил фотографија што ја постави на својот профил на микроблогот Twitter.
„Јеа, … Само кусо разговарав со најмоќниот човек на светот. На третата линија во метрото. Пријатен човек…“, напишал Зеркин кја ја постави и фотографијата на Брин.
Претходно оваа година, на саемот CES 2013 беше забележан уште едени од челниците на Google, Рас Миров, кој исто така на себе го носеше уредот Google Glass, потсетува порталот Mashable.
Прототипот Glass е опремен со комуникациски модул, мал екран прицврстен за конструкцијата во предниот дел пред десното око на оној што го носи, а од десната страна на рамката над увото е вградена мала батерија. Во апаратот се вградени функциите за фотографии и видео клипови, како и пристап до онлајн информации, но во првиот модел на Glass не е обезбедена зголемена реалност. Цената на прототипот за програмерите изнесува 1.500 американски долари.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: