Поранешен бразилски сенатор, ќе врати 234 милиони долари на државата!

Поранешниот бразилски сенатор Луис Естевао, кој во 2000 година го загуби местото во парламентот поради обвиненија за корупција, вети дека ќе врати на државата 234 милиони долари. 

Според постигнатиот договор со правосудството, првично Естевао ќе исплати 40 милиони долари, а останатите ќе ги исплати на неколку дела во следните 8 години. Ова претставува најголемо враќање на државни средства, присвоени со корупција во земјата.

Пред 12 години поранешниот сенатор од Партијата на бразилското демократско движење беше обвинет за проневера на околу 85 милиони долари, доделени за изградба на нова зграда на Граѓанскиот суд во Сао Паоло. Објектот остана неизграден, а парите за него исчезнаа и според истрагата завршиле на еден од карибските острови познат како даночен рај. 

Наспроти срамната оставка, 62-годишниот Естевао продолжи да се занимава со крупен градежен бизнис на територијата на Бразил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: