Франција ќе признае влада на сириската опозиција

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја повикува сириската опозиција да формира преодна влада и изјави дека е подготвен да ја признае, заканувајќи се дека доколку власта во Дамаск употреби хемиско оружје, тоа ќе биде повод за интервенција во земјата.

„Франција бара од сириската опозиција да се формира преодна влада, репрезентативна, која би можела да биде легитимен претставник на нова Сирија Франција ќе ја признае новата влада на Сирија штом таа ќе биде создадена“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд говорејќи на 20-та годишна конференција на амбасадорите на Франција.

Притоа Оланд изјави дека можната употреба на хемиско оружје од страна на сириските власти ќе претставува основа за воена операција.

„Остануваме будни за да го предупредиме (сирискиот) режимот да го употреби хемиското оружје, што ќе претставува легитимна оправданост за меѓународната заедница за директна интервенција“, рече Оланд.

Тој, исто така, рече дека Франција „ќе продолжи колку што е потребно, да врши притисок и да ги убеди (партнерите) во Советот за безбедност на ОН да се постигне консензус на меѓународната заедница“.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама изјави дека разместувањето или целосната употреба на хемиско оружје во Сирија ќе биде „црвената линија“ за САД, по што Вашингтон може да го преиспита својот досегашен пристап кон решавање на сирискиот конфликт. Некои медиуми ги толкуваа овие зборови како декларирање подготвеност за преземање воена интервенција во Сирија, но веќе следниот ден Белата куќа го негираше тоа и побара од медиумите да не се толкуваат премногу слободно изјавите на претседателот на САД.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: