Романскиот парламент го прифати враќањето на претседателот на должноста

Романскиот парламент во понеделникот ја прифати одлуката на судот суспендираниот претседател Трајан Басеску да се врати на функцијата, со што заврши политичката криза која предизвика Европската унија и негативните реакции на финансиските пазари.

Уставниот суд на Романија пресуди дека референдумот за смена на претседателот Трајан Басеску е неважечки бидејќи на него се одѕвале помалку од половината од вкупниот број романски избирачи, иако 88 отсто од оние што излегле на гласањето гласале за смена на Трајан Басеску од претседателската функција.

Владата на левиот центар на премиерот Виктор Понта се закани со смени на судиите во уставниот суд или дека ќе ги ограничи нивните овластувања пред да попушти пред притисоците на Брисел, а, исто така, се обиде да го прикаже гласачкото тело помало, настојувајќи дека показатели дека се исполнети условите за валидност на референдумот.

Одлуката на судот сега треба да биде објавена пред Басеску да се врати на должноста, можно веќе во понеделник навечер.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: