Париз и Берлин формираа кризна група за еврозоната

Франција и Германија ќе формираат работна група за кризата во еврозоната, најавија министрите за финансии, Пјер Московиси, односно Влфганг Шојбле во Берлин во понеделникот, неколку дена откако лидерите на двете земји јасно предупредија дека Грција мора да ги исполни своите реформски обврски.

„Одадени сме на одржливоста на еврозоната, а тоа значи трајност и стабилност на еврозоната“, изјави Пјер Московиси по средбата со неговиот колега германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој инсистираше на „потребата од силен раст во Европа и во еврозоната“.

Затоа е потребно да се засили европскиот банкарски систем, смета Шојбле, пренесува AFP.

Франција и Германија низ оваа работна група ќе подготват структурално решение пред идниот состанок на шефовите на влади и земји на членките на Европската унија кој ќе се одржи на 18-ти и 19-ти октомври.

Разговорот на двајцата министри за финансии претставува всушност продолжување на интензивираната соработка меѓу Берлин и Париз, и по состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд посветен на должничката криза во еврозоната. Во четвртокот Меркел и Оланд и’ порачаа на Грција дека мора да ги спроведе преземените врз себе обврски за спроведување на структурните реформи и програмата за штедење во определениот рок во замена за новата транша од меѓународната финансиска помош, од вториот пакет заем од ЕУ и ММФ во висина од 130 милијарди евра.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: