iPhone губи на популарност, Apple во криза!?

Американскиот IT гигант Аpple, ги шокираше инвеститорите со слабата продажба на новиот модел на iPhone, и ги  зголеми стравувањата дека тој ја губи привлечноста на клиентите.

Apple објави дека не забележал раст на профитот, и дека направиле грешка во предвидувањата од приходите од новиот iPhone, со што се потврдија и стравувањата на Вол Стрит дека на периодот на хипер раст му доаѓа крајот, пренесува британскиот „The Guardian“.

Компанијата продала 47,8 примероци на iPhone за време на празниците, што е помалку од планираните 50 милиони, и неочекувано за компанијата која редовно ја надминуваше планираната продажба. Приходите, кои во претходните години забележуваа раст од 18 проценти, паднале под планираните 54,9 милијарди долари.

И покрај тоа што продажбата на iPhone остана добра во Америка, каде приходите пораснале за 15 проценти, се покажува дека Samsung би можел да го стигне Apple, поради рецесијата во Европа која ги намали цените на мобилните телефони.

Од компанијата ги отфрлиjа наводите дека Apple го намалил производството на моделот iPhone 5, додека јапонските медиуми објавија дека американските компании во првите три месеци на 2013 година биле преполовени од нарачки од добавувачи, како што се Japan Display, Sharp i LG Display. Во одговор на овие тврдења, Вол Стрит аналитичарите ги повлекоа прогнозите за приходите и профитот за цела година.

Американската компанија исто така покажа дека не е имуна на намалувањето на побарувачката на персонални компјутери, што се докажува со фактот дека компанијата продаде четири милиони MacBook компјутери, што претставува пад од 18 проценти во споредба со претходните празници.

Светла точка е само таблетот iPad со продажбата од 23 милиони, во односот на претходните 15,4 продадени примероци, додека залихите од неодамна лансираниот iPad mini се постојано недоволни, со оглед на побарувачката која ја има секоја недела.

Аpple изјави дека приходите за првите три месеци од тековната година може да бидат помеѓу 41 и 43 милијарди американски долари. iPhone носи 55 проценти од сите приходи на компанијата, а неговата популарност го претвори во една од највредните компании во светот.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: