DELL го лансираше новиот Inspiron 5521 лаптоп

Loading...

Откако неодамна беше промовиран лаптопот Inspiron 3521, новиот 15-инчен Inspiron лаптоп 5521 го лансираше во петокот компанијата DELL, кој е препознатлив по својот елегантен изглед и исклучителни перформанси кои не бараат целосно празнење на банкарската сметка.

Овој достапен нов пренослив компјутер има и практичен минималистички дизајн кој овозможува одлично реализирање на сите работи. Мултимедијалниот Inspiron 5521 лаптоп се базира на иновативниот Intel Ivy Bridge процесор со ULT платформа наменет за тенки компјутерски уреди. Тоа значи, помалку трошење на енергија со што се добива подолготрајност на батеријата – од 5 до 7 часа, помала височина и тежина. Новиот лаптоп е за 7 милиметри потенок, а неговата тежина е од 0,3 – 0,5 килограми помала од неговиот претходник.

Ова е компактен уред со брзи реакции, а избраниот Intel® Core™ i5 процесор од 3-та генерација обезбедува подобро и побрзо средување на проекти, презентации и документи. Клучни карактеристики на новиот модел се и Intel ® Pentium ® Dual-Core, до 8 GB RAM и до 1 TB за подобрување на капацитетот; AMD Radeon ™ HD до 2GB графичка картичка; светол и контрастен HD екран (1366×768), FHD и екран чувствителен на допир (1920×1080); екранот чувствителен на допир и удобниот голем touchpad придонесуваат користење на сите значајни предности на Windows 8.

Новиот модел е составен дел од традиционалната линија на Inspiron производи со минималистички и модерен ергономски дизајн изграден од hi-tech материјали и обложен со алуминиум за дополнителна елеганција и издржливост. Inspiron 5521 е достапен во сребрена, црвена, темно сина и розева боја.

Спецификации за Dell Inspiron 5521 се следните: трета генерација Pentium Dual Core i Intel ® Core i3 i i5, i7, RAM – од 2GB до 8GB DDR3, HDD опции: 320GB – 1TB, мобилна графичка картичка: Intel HD Graphics 4000; AMD Radeon ™ HD8730M со 2GB DDR3 графичка меморија, 15,6-инчен HD екран (720p) (1366×768); FHD 1080p, HD Touch , Батерија: 4-cell (40 watt-hour) или 6-cell (65 watt-hour), до седум часа  работа, Audio Waves MaxxAudio4; стерео звучници, интегрирани HD 1,0 MP камера и микрофон, можно поврзување преку USB 3.0 (3); USB 2.0 (1); HDMI v1.4 (1), три-во-еден читач на картички, Bluetooth 4.0, Ethernet 10/100 а оперативниот систем е Microsoft Windows ® 8.

 

Макфакс

loading...
Loading...