Древен златен венец откриен при градење на метрото во Солун

Loading...

Златен венец, чија што старост се проценува на околу 2300 години, открија археолозите во саботата при градењето на метрото во Солун, пишува во неделата интернет страницата на весникот Elefterotipiya.Венец се наоѓал во голема, но не многу богата гробница од ткн. македонски период. Иако венецот е направен од злато, тој не оддавал царско потекло, ниту, пак, дека неговиот сопственик припаѓал на високата класа.

Ископите за солунското метро се одвиваат деновиве во тешки услови поради силните дождови, а археолозите се’ уште не го завршиле процесот на целосно чистење на венецот од талогот, поради што уште не може да се утврди неговиот тип. Венецот бил направен во вид на испреплетени маслинови и дабови гранки и лозови ластари, и бил наменет за маж и најверојатно бил носен како накит на познатите антички симпозиуми (гозби). Венците, пак, направени во облик на гранки од миро биле подарувани на девојките при свадби со кои им се посакувала среќа.

Гробницата, во која бил пронајден венецот, се наоѓала на многу големи древни гробишта, крај којашто минува една линија на солунската подземна железница. Инаку за време на изградбата на метрото во Солун, досега се откриени илјадници скапоцени предмети кои потекнуваат од антиката и од средниот век, по што се започнати археолошки ископувања што ја одложуваат неговата градба. Се претпоставува дека првата линија во должина од 19,6 километри ќе биде ставена во функција, по дванаесетгодишно градење, во 2018 година.

 

Макфакс

loading...
Loading...