Повеќе од 70 коли на Мерцедес ќе бидат уништени во новиот филм “ A Good Day to Die Hard”

Loading...

Петото продолжение на „Die Hard“ ќе излезе на празникот на вљубените Валентајн и во него ќе има многу експлодирани, искршени и тотално уништени Мерцедеси. Мерцедес Бенз се согласил да позајми повеќе од 70 возила од Ц-класа, Г-класа, Унимаг, Спринтер и Зетрос за сцените со сударите и уништувањата на возилата.

Во првите сцени ќе се користат возилата од Ц-класа, Г-класа и Унимаг, а во останиатите ќе бидат Спринтерот и Зетросот. Неверојатна е оваа бројка на комплетно уништени возила кои ги обезбедува еден од најпозатите брендови за возила Мерцедес. Дефинитивно не треба да  пропуштите една ваква филмска акција.

loading...
Loading...