Мазе ја освои Златната лисица

Тина Мазе, победи на слаломот во Марибор и ја освои традиционалната Златна лисица, откако во саботата беше втора во велеслаломската трка. Мазе до седмата победа оваа сезона, прва во слалом, стигна со вкупно време од 1:33.68 минути.

Второто место зад Мазе го освои Фрида Хансдофер од Шведска која задоцни за 86 стотинки, додека Катрин Цетел на третото место задоцни зад победничката секунда и 13 стотинки.
Мазе со победата на Похорје само ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот куп, таа има 1.654 бодови и речиси го обезбеди големиот Кристален глобус.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: