Во сирискиот конфликт загинале 50 илјади луѓе

Loading...

Во насилствата што избија по обидот да се предизвика заминување на претседателот Башар ал-Асад, кои во Сирија траат 22 месеци загинале 50 илјади луѓе, соопшти во неделата Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Опсерваторијата која се повикува на широката мрежа активисти на теренот и медицински извори во цивилните и воените болници во Сирија, истакнува дека смртно настрадале најмалку 34.942 цивили, од кои осум илјади биле припадници на вооружената опозиција.

Бројот на убиените војници, според пресметките на Опсерваторијата, изнесува 12.283, а на воените дезертери 1.619. На вкупната бројка се придаваат и 1.165 загинати чиј идентитет не е утврден.
Меѓу убиените цивили, 3.679 се деца а 2.120 се жени.

 

Макфакс

loading...
Loading...