Француските и малиските војници на приодите во Тимбукту

Loading...

Француските и малиските војници напредувале против исламистичките бунтовници на северот од Мали дошле на приодите во Тимбукту, град пред кој речиси една година беше заземен од бунтовниците блиски на Ал Каеда, јави во неделата Reuters, повикувајќи се на извори од војската на Мали.

„Минаа крај Ниафунка и до синоќа се пред влезовите на Тимбукту“, изјавил изворот за агенцијата. Додал дека француско-малиските сили се сопреле пред Тимбукту за да го испланирале влегувањето во самиот град кој претставува вистински мал лавиринт од ниски градби и тесни улици во кој живеат околу 50 илјади луѓе.

Бунтовниците во оваа област се’ уште не пружиле никакво вооружен отпор во текот на приближувањето на француско-малиските сили кои во саботата го заземаа градот Гао, па со помош на војниците од Нигер и Чад ка враќаат цивилната управа којашто од средината на минатата година се повлече пред исламистите во главниот град Бамако.

Како што пренесе AFP во четвртокот повикувајќи се на локалното население, исламистичките бунтовници го напуштија малискиот град Тимбукту кој го контролираа од средината на минатата година а по нивното заминување градот е без струја и вода за пиење.

Последните денови градот во повеќе наврати го напаѓаа француските борбени авиони и го уништиле „командниот центар” на организацијата Ал Каеда на исламскиот Магреб (AQMI).

Тимбукту, 900 километри североисточно од престолнината Бамако, досега беше во рацете на Ансар ал-Дин и на Ал Каеда на исламскиот Магреб (AQMI). Мохамед Алфул, кој се претставува како припадник на AQMI во Тимбукту, историски град кој е прогласен за светско културно наследство, го оправдува вандализмот бидејќи сѐшто не е ислам „не е добро и човек мора да му се поклонува само на Бог”.

Во јули исламистите од овие две групи кои почитувањето на светците го сметаа за „идолопоклонство”, ја предизвикаа осудата на меѓународната заедница уништувајќи ги најстарите мавзолеи во Тимбукту, како и оние во кругот на најголемата џамија во градот.

Уништување на спомениците започна во Мали во јули кога припадници на радикалното исламистичко движење Ансар ал-Дин (Бранителите на верата) го уништија мавзолејот на шеикот Махмуд во Тимбукту и две други гробници на важни свети личности за исламот. Тие изјавија дека имаат намера да ги уништи сите 16 гробници коишто се вброени во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Покрај тоа во градот биле извршени и многу погубувања и казнувања, како отсекување раце или каменувања.

 

Макфакс

loading...
Loading...