Морисеј заврши во болница и ја прекина турнејата

Британскиот рокер Морисеј поради воспаление заврши во болницата во Ројал Оак, во американската држава Мичиген, што го принуди да откаже дел од концертите на американската турнеја, објави неговиот портпарол.

Поранешниот фронтмен на The Smiths бил хоспитализиран во петокот и поради заболувањето Морисеј засега откажал три концерта на својата американска турнеја.

Морисеј, инаку, не е единствената ѕвезда којашто во моментов се разболе додека престојува во САД, Актерот Берт Рејнолдс е сместен во болница на Флорида поради тежок случај на грип, а пејачот Бари Манилоу мораше да откаже неколку настапи на Бродвеј поради бронхитис.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: