Бројот на жртвите во ноќниот клуб во Бразил се искачи на 245

„Вкупно 245 лица починаа, а 48 се хоспитализирани“, изјави регионалниот началник на полицијата, Клеберсон Бастианељо.

Весникот List Estadao de S. Paulo на својата интернет страница објави дека пожарот избувнал за време на пиротехничка претстава што била дел од настапон на музичка група во ноќниот клуб „Кис“. Се запалиле материјалите за акустична изолација, по што меѓу посетителите избувнала паника.
Според весникот, во клубот во тој момент имало меѓу илјада и две илјади посетители. Според локалните пожарникари, повеќето жртви настрадале од вдишување на отровниот чад. Полицискиот мајор Фереира де Роса Герсон кој претходно соопшти за 220 жртви од пожарот, изјави за Associated Press дека се идентификувани телата на 180 посетители, а стотици лица се здобиле со различни степени на повреди во пожарот и стампедото.
Според една од верзиите во клубот имало повеќе од две илјади луѓе, но во неа се потврдува дека причина за пожарот било неправилно ракување со пиротехниката. Очевидци изјавиле дека музичарите за време на настапот запалиле петарда, што најверојатно го предизвикало пожарот.
Санта Марија е град во најјужната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Сулу  ома околу 260 илјади жители. Бразилската претседателка Дилма Русеф ја откажа посетата на Чиле и се упати на местото на трагедијата каде што во Сантјаго сема учество на самитот на претставниците на 27-те земји членки на Европската унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите (CELAC).

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: