Легендарниот Ѓорѓи Колозов во својата младост (Фото)

Loading...

Легендата на Македонските народни приказни, Ѓорѓи Колозов иако веќе десет години не е помеѓу нас, тој засекогаш ќе остане запаметен,а неговите пораки преку народните приказни ќе бидат пренесувани од генерации на генерации.

Ѓорѓи Колозов е роден на 26-ти февруари 1948-ма година во Богданци, а почина на 13-ти октомври 2003-та година во Скопје.

Тој беше еден од најискусните македонски актери, кој беше препознатлив по своите улоги во македонскиот ТВ проект „Македонски народни приказни“.

Покрај овој ТВ проект, тој беше препознатлив и по улогите во „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“, „Чудовишта во нашиот град“ и други.

Погледнете како изгледаше нашиот легендарен актер во своите млади години и во почетоците на кариерата како актер.

 

 

Погледнете повеќе фотографии од Колозов на следната страна!

 

 

 

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...