Откриена мозочна активност кај поранешниот израелски премиер Ариел Шарон

Израелски и американски научници откриле „значајна мозочна активност” кај поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој веќе седум години се наоѓа во кома, но како што се покажа способен е да реагира на слики и гласови на роднини, изјавија учесниците во испитувањето спроведено претходно седмицава.

Ариел Шарон бил подвргнат на двочасовно скенирање на мозокот, и за тоа време му биле прикажувани фотографии од неговото семејство, му бил емитуван гласот на неговиот син Гилад и бил тестиран на реакција на допир.

„Ова беше направено со цел да се процени дали реагира и во каков степен мозокот на господин Шарон на надворешните стимулирања. Неочекувано, при секој тест е регистрирана значителна активност во областа на мозокот, коишто укажуваат на неговата способност за обработка на сензорни информации“, се вели во соопштение за медиумите издадено од Универзитетот Бен-Гурион во јужниот израелски град Беер-Шеве, каде што бил пренесен за испитувањето 84-годишниот поранешен премиер.

Сепак, авторот на оваа метода, американскиот професор Мартин Монти, признава дека неговиот тим не успеал да најде знаци на свесност кај пациентот. „Информациите од надворешниот свет се пренесува до соодветните делови на мозокот, но нема докази кои јасно ќе покажат дека Шарон свесно ги восприема“, вели американскиот научник.

Ветеранот од речиси сите војни на Израел, авторот на програмата „извлекување“ со која беше ставен крај на 38-годишната окупација на палестинската енклава појасот Газа и архитектот на „безбедносната ограда” со која се запре бранот палестински терористички напади на израелска територија, поранешниот генерал Ариел Шарон, претрпе на 4-ти јануари 2006 година масивен мозочен удар и падна во кома. По серијата операции кои помогнаа да се стабилизира неговата состојба, Шарон беше префрлен во неврохируршки оддел за интензивна нега на болницата „Хадасса“во Ерусалим во клиниката за рехабилитација „Шеба“ во градот Тел ха-Шомер, каде што е сместен до денес. Можноста пацинетот да излезе од кома, лекарите ја оценуваат како минимална.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: