Американскиот режисер Џеј Џеј Абрамс ќе го режира седмото продолжение од серијалот Ѕвездени војни, соопшти компанијата „Walt Disney“.
Еден од најуспешните холивудски режисери и продуценти Џеј Џеј Абрамс че го режира филмот „Ѕвездени војни: Епизода VII“ (Star Wars: Episode VII) соопшти компанијата „Walt Disney“ по неколку дена нагаѓања, што им даде надеж кои беа разочарани од последните три филма од серијалот. Оваа вест беше дочекана со славење на онлајн мрежите. Според наводите во соопштението на „Disney“ издадено во петокот доцна навечер, се наведува дека Абрамс ќе работи под водството на продуцентката Кетлин Кенеди, поранешната претседателката на филмската компанија „Lucasfilm“. „Џеј Џеј е совршен режисер за овој филм. Тој интуитивно ја разбира оваа франшиза“, изјави Кенеди. Студијата „Walt Disney“ од творецот на „Ѕвездените војни“ Џорџ Лукас ги откупи сите авторски права за оваа филмска франшиза за 4,05 милијарди долари. Луакс изјави дека Џеј Џеј Абрамс е „идеален избор“ за нов режисер, додавајќи дека неговото „наследство не можело да дојде во подобри раце“. Абрамс е авторот на телевизиските серии „Алиас“, „Фелисити“, Фринџ“ и „Загубени“, а го режираше третиот дел од серијалот „Невозможна мисија“, “Супер 8“ и филмската верзија на „Ѕвездените патеки“. Сценариото за седмиот дел од „Ѕвездените војни“ ќе го напише оскаровецот Мајкл Арнд, а филмот би требало да биде дистрибуиран во 2015 година. Џорџ Лукас од самиот почетокот на „Ѕвездените војни“ го замисли како филмски серијал од девет делови. Првата трилогија „Нова надеж“, „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на Џедајот“, кои се всушност четврти, пети и шести дел од серијалот, ги сними во периодот од 1977 до 1983 година. На втората трилогија „Фантомска закана“, „Нападот на клоновите“ и „Одмаздата на Сит“, првиот, вториот и третиот дел од серијалот работеше од 1999 до 200 година. Студијата „Desney“ објави дека Џорџ Луакс ќе остане креативен советник и за завршниот дел од трилогијата, а тој ланскиот октомври објави дека ги напишал основите за приказните за седмиот, осмиот и деветтиот дел.
Макфакс