Аргентина ќе обезбеди донорска кожа за повредените во клубот Бразил

Аргентина ќе испрати во Бразил донорска кожа за лекување на настраданите во пожарот во ноќниот клуб во градот Санта Марија во јужниот дел на земјата, соопшти во неделата министерството за здравство на Аргентина.

Бројот на жртвите во пожарот во ноќниот куб „Kiss“ во градот Санта Марија, 300 километри од главниот град на сојузната бразилска држава Риу-Гранде до Сул, Порто Алегре, е прецизиран во неделата навечер на 232 луѓе, а 131 лице е повредено. Пожарот се случи ноќта кон неделата за време на концерт на рок-групи. На концертот кој бил проследен со пиротехничка точка присуствувале најмалку илјада луѓе а според некои информации и повеќе од две илјади, претежно студенти на локалниот универзитет.

„Ние ќе им доставиме на нашите бразилски колеги толкаво количество донорска кожа, колку што е можно да се земе од резервите на банката за кожа на Педијатриската клиника ’Хуан Гарахан’ во Буенос Аирес“, соопшти аргентинското министерство за здравство.

Како што се произлегува од соопштението, лекарите за трансплантација на кожа од бразилската држава каде што случи трагедијата, се обратиле до своите колеги во Аргентина со барање за донирање кожа за лекувањето на пациентите со тешки изгореници.

Шефот на аргентинскиот Централен институт за ампутации и трансплантација, Карлос Сорати изјави дека донорската кожа ќе им биде доставена на бразилските лекари „во најскоро време“. Според него, лекарите во регионот веќе имаат искуство со таквата соработка во минатото, во случаите на големи несреќи и природни катастрофи.

 

МАкфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: