Во Варшава пронајдена огромна неексплодирана бомба, евакуирани околу 3.000 луѓе

На местото каде што се гради метро во центарот на Варшава вчера е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, тешка околу два тона.

Бомбата е пронајдена од градежните работници на Плоштадот на востаниците, а полицијата побара еваукација на околу 3.000 луѓе од околните згради. Од зградата на Националната банка биле евакуирани околу 400 лица. Сообраќајот во овој дел од градот бил веднаш блокиран.

Полската полиција соопшти дека на местото на пронаоѓањето на бомбата работат минери и дека опасната експлозивна направа, со должина од 10 метри, делумно била закопана во земја.

 

Експертите за деминирање разработуваат план за нејзиното пренесување и детонација на некој полигон.

Ова е веќе трета бомба пронајдена во Варшава за време на изградбата на метрото.

Пронајдете не на следниве мрежи: