Видео: Аматерска снимка од хаосот во Бразилскиот ноќен клуб

Во пожарот кој што избувна во ноќниот клуб „Кис“ бројот на загинати се искачил на 232 и најмалку 100 повредени луѓе. Хаосот бил предизвикан од пиротехничко шоу кога на сцената била запалена петарда, која предизвикала запалување на акустичната изолација на таванот.

Пред ноќниот клуб се создала огромна паника и застрашувачки пекол. Полицијата соопштила дека причината за смртта на жртвите било вдишувањето чад или пак биле прегазувани до смрт додека сите присутни почнале да бегаат обидувајќи се да се спасат откако започнала трагедијата.

Сведоци на ужасниот настан изјавиле дека излезите биле необележани или пак блокирани, а лиценцата на клубот била истечена уште летото минатата година.

На долу наведената аматерска видео снимка снимена на улицата, може да се види паниката и хаосот што е предизвикан од пожарот. Луѓе без маици истрчуваат од клубот и легнуваат на земја покрај амбулантните возила, каде ќе бидат згрижени од страна на медицинскиот персонал.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: