Коригиран бројот жртви во пожарот во ноќниот клуб во Бразил на 232

Според прецизираните официјални податоци, бројот на жртвите во пожарот во ноќниот клуб во јужниот дел на Бразил изнесува 232 загинати и  131 повреден, изјавија официјални претставници на министерството за одбрана на земјата, со што е коригирана претходната официјална информација за 245 мртви.

Според полицискиот мајор Герсон да Роза Фереира, кого како извор го наведува Associated Press, дел од починатите се задушиле од чадот а другите настрадале во стампедото предизвикано од паниката кај посетителите по избувнувањето на пожарот. Остануваа важечка претходната информација за 180 идентификувани тела. Од вкупно 232 жртва, 120 се мажи а 112 жени, додека 131 лице е повредено со разни степени на повредите.

Според една од верзиите за трагедијата, причина за избувнувањето на пожарот во ноќниот клубот „Kiss“ во градот Санта Марија, во кој имало повеќе од две илјади луѓе, било неправилното ракување со пиротехниката. Очевидци изјавија за локалните медиуми во текот на пиротхничката точка којашто придружувала настап на музичка група била запалена петарда, која најверојатно предизвикала ширење на огнот. Според другата верзија, којашто ја пренесува американската телевизиска мрежа CNN, се запалиле материјалите за акустична изолација, по што меѓу посетителите избувнала паника.

Според началникот на противпожарната служба на најјужната бразилска сојузна држава Риу-Гранде до Сул во кој се случи трагедијата, полковникот Гвидо де Мело, кој се повикува на сведоштва на очевидци, обезбедувањето на ноќниот клуб во првите минути по избувнувањето на пожарот не овозможило пристап до единствениот излез на локалот, што предизвикало паника и стампедо.

Очевидци, исто така, изјавиле дека во текот на настапот на музичарите почнала употребата на пиротехничките средства од кои искри го предизвикале пожарот на плафонот и појава на многу отровен чад, кој за само неколку минути се проширил низ целиот клубот. Персоналот на клубот и посетителите се обиделе да го изгаснат огнот со вода и апарати за гаснење пожар, но не успеале.

„Како што ни раскажаа луѓето коишто биле во клубот, првично припадниците на обезбедувањето го блокирале излезот, што оневозможило да се изврши брза евакуација. Тоа предизвикало уште поголема паника и стампедо“, изјави началникот на противпожарната служба. Според оваа верзија, обезбедувачите во првите моменти не знаеле за избувнувањето на огнот, и се обидувале да ги спречат посетителите да излезат бидејќи мислеле дека тие бегаат од локалот без да платат.

Според Де Мело, клубот имал само еден излез, па затоа пожарникарите и спасувачките екипи за да влезат во клубот, морале да направат дупки во ѕидовите на објектот. Покрај тоа, тој додал и дека лиценцата за работа на лубот истекла минатата година.

По дознавањето за трагедијата, претседателката на Бразил, Дилма Русеф го прекина своето учество на самитот на лидерите на земјите членки од Европската унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите (CELAC) кој се одржува во главниот град на Чиле, ги откажа планираните средби со лидерите на Аргентина и Боливија, Кристина Киршнер и Ево Моралес, и се врати во Бразил.

Во текот на кусиот разговор со новинарите во Чиле, Русеф, како што наведуваат латиноамериканските медиуми, била многу возбудена и не можела да се задржи солзите
„Токму сега, во овој момент, сум му потребна на бразилскиот нарот. Ги замолив сите  министри да помогнат со се’ што е можно“. Според Русеф, во Санта Марија се испратени дополнителни медицински екипи од центри за изгореници, како и дополнителни безбедносни сили.

По пристигнувањето во Санта Марија, бразилската претседателка замина во болницата во која се хоспитализирани жртвите од пожарот, а потоа го посетила и градскиот спортски центар, во кој се телата на загинатите и семејствата на жртвите. Претседателката ја придружуваат министрите кои беа дел од делегацијата што присуствуваше на самитот во Сантијаго, како и гувернерот на државата, Тарсо Женро и градоначалникот Сесар Ширмер.

Имено токму во сојузната бразилска држава Риу-Гранде до Сул, Дилма  Русеф во 1980-тите години ја започна својата политичка кариера. Покрај тоа, таа долги години живеела во главниот град на државата од Порто Алегре. Таму сега живее единствената ќерка на Русеф и нејзината внука. Во врска со трагедијата, гувернерот на државата прогласи седумдневна жалост.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: