За Берлускони, Мусолини направил многу добри работи

Loading...

Бенито Мусолини, кој ја водеше Италија од 1922 до 1943 година, направил многу добри работи, освен антисемитските расни закони, изјави во неделата поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

„Расните закони се најголемата грешка на челникот Мусолини кој направил многу добри работи во толку други области“, изјави Берлускони во Милано на амргините од свеченоста по повод денот на сеќавањето ан холокаустот.

По 1938 година фашистичкиот режим на Бенито Мусолини прогласил серија декрети, под заеднички наслов – расни закони, со кои биле воведени мерки за дискриминација и прогон на италијанските Евреи.
„Италија не носи еднаква одговорност како и Германија“, изјави Берлускони, додека германската канцеларка Ангеле Меркел во саботата оцени дек Гррманија ја носи постојаната одговорност за злосторствата сторени од национа-социјализмот.

Изјавите на Берлускони во неделата веднаш предизвикаа реакции.
„Изјавите на Берслускони се срам и навреда за историјата и сеќавањата. Уште веднаш денеска да им се извини на Италијанците“, реагираше ан микроблогот Twitter претседателот на Демократската партија, Пјер-Луиџи Берсани, кој ќе биде противник на Берлускони на претстојните општи избори. Челникот на партијата Италија на вредностите, Антонио Ди Пјетро, изјави дека Берлускони е карикатура на Мусолини.

„Невкусно е што на денот на сеќавањето на холокаустот се прави обид да се рехабилитира диктатор кој ја одведе Италија во Втората светска војна“, вели европарламентарката од редовите на Демократската партија, Дебора Серакјани во писмената изјава.

Шефот на италијанската влада на заминување, Марио Монти кој како лидер на партиите во центарот, исто така ќе биде противник на Берлускини на изборите, нагласи дека постои опасност од сегрегација и антисемитизам.

 

Макфакс

loading...
Loading...