Дете исценирало сопствено киднапирање – причината?

Loading...

Во шпанскиот град Ксинзо да Лима се случил прилично бизарен настан. Имено, едно 11 годишно дете го исценирало сопственото киднапирање, со цел да ги спречи родителите да одат на родителски состанок.

Детето на својот татко му оставило порака во која пишувало дека е киднапирано на улица додека фрлало ѓубре, а подоцна се јавило да каже дека се наоѓа во гепек во плав Сеат, пренесува „The Guardian“.

Неговиот татко, инаку полициски службеник, ја информирал својата полициска станица и набрзо низ целиот град се поставени барикади. Издадено е и известување за случајот на национално ниво, локалните медиуми почнаа со објавување на фотографии од младото момче, а известена е и португалската полиција.

По само неколку часови, таткото на момчето забележал дека недоставуваат клучевите од другиот стан кој го поседуваат. Детето е пронајдено во тој стан, а на своите родители им  рекло дека си исплашило од тоа, што тие би направиле кога би ги виделе неговите лоши оценки за време на родителскиот состанок.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Можеби ќе ве интересира:

Бизарно: Лежат во ковчег за да се излечат од лудило

Хумано и бизарно – 40 годишна жена дои два тигра

loading...
Loading...