Албанија: Запленети 40 кг марихуана на премин кон Црна Гора

Loading...

Албанската полиција откри и заплени 40 килограми дрога од типот марихуана на граничниот премин Муричан на албанско – црногорската граница. Дрогата била сокриена во 80 пакувања и во акцијата се уапсени двајца албански државјани.

Според полицијата дрогата била откриена при рутинска контрола, а според првичните информации таа била наменета за црногорскиот нарко пазар.
На граничникот премин Муричан пред три дена беше откриена и запленета голема количина на марихуана од 1,5 тони дрога во близина на селото Пулај, кај Влипоја.

 

Макфакс

loading...
Loading...