Републиканците го номинираа Мит Ромни за претседателски кандидат

Loading...

Американската Републиканска партија во вторник навечер на партиската национална конвенција во Тампа на Флорида и формално го номинираше Мит Ромни за свој претседателски кандидат кој на 6-ти ноември ќе ми се спротистави на актуелниот претседател на Демократската партија, Барак Обама.

На конвенцијата на републиканците за потпретседателски кандидат е номиниран Пол Риан, кој во американскиот Конгрес како претседател на Комисијата за буџет на Претставничкиот дом ја стекна репутацијата на „фискален јастреб“.На националната републиканска конвенција, Мит Ромни го доби потребното мнозинство од 1.144 делегати, по пребројувањето на гласовите по американските сојузни државни.

Се очекува дека Ромни и официјално ќе ја прифати кандидатурата кога ќе го одржи сојот говор во четврток навечер.

Според повеќето истражувања на јавното мнение во САД во последните денови Мит Ромни е изедначен или малку заостанува за актуелниот претседател Барак Обама.

Истовремено со започнувањето на републиканската конвенција, американскиот претседател Обама одржа говор пред шест илјади студенти во сојузната држава Ајова, обидувајќи се да го заживее духот на идеализмот откако 2008 година и да потсети на реформските достигнувања.

макфакс

loading...
Loading...