Осум тела извлечени од бунар во Мексико

Loading...

Најмалку осум тела се извлечени од еден бунар на северот на мексико, каде минатата недела исчезнале 20 луѓе, вклучувајќи 16 припадници на една колумбиска музичка група, соопштија надлежните, пренесува АП.

Истите извори велат дека форензичарите и полицајците на државата Нуево Леон работеле цела ноќ на локација на градот Мина, во близина на Монтереј, и дека веројатно бројот на телата ќе биде поголем.

Изворите велат дека за сега не може да потврди дали телата се на некои од исчезнатите.
Членовите на музичката група „Комбо Коломбија“ исчезнаа во петокот утрото по приватниот настап во четврток вечерта во кафуле во блискиот град Хидалго.

 

Макфакс

loading...
Loading...