САД за пет пати ќе го зголемат бројот припадници на сајберединиците

Loading...

Пентагон во следните неколку години за повеќе од пет пати ќе го зголеми бројот на припадниците на единиците кои ќе се грижат за обезбедување на американските цивилни и владини компјутерски системи и мрежи, како и за извршување сајбернапади, пишува Washington Post.

Бројот на припадниците на заедничката сајбер команда која беше формирана во мај 2010 година ќе биде зголемен од сегашните 900 на 4.900 лица. Одлуката била донесена на крајот од минатата година Пентагон.

Според написот, предложениот план за развојот на сајберкомандата на САД, од кој сé уште не се утврдени некои делови, претпоставува создавање три дивизии „национални сајберсили“ (за заштита на клучните цивилни компјутерски мрежи), „борбени сајберсили“ (за поддршка на воените операции во странство) и „сили за сајберзаштита“,(за зашттита на мрежните системи на министерството за одбрана на САД).

Буџетот на САД за 2013 година предвидува 769 милиони долари за кибернетската безбедност. Шефот на управата за разузнавање на сајберкомандата, адмиралот Семјуел Кокс изјави дека САД би можеле да користат сајбернапади за борба со непријателите.

 

Макфакс

loading...
Loading...