Тридневна жалост во Бразил поради трагедијата во ноќниот клуб

Tридневна жалост прогласена е во Бразил поради трагичната смрт на 232 лица во пожар во ноќен клуб во јужниот бразилски град Санта Марија, каде, пак, е прогласена 30-дневна жалост.Над 100 лица се згрижени во локалните болници, најмногу поради труење од јаглен моноксид.

Во престолнината Бразилија денеска е одложена цеременонијата на која требаше да биде одбележано 500 дена од почетокот на Светското првенство во фудбал во 2014 година.

Пожарот избувна откако член на бендот, кој настапувал во ноќниот клуб, запалил пиротехничко средство. Повеќето жртви се студенти, кои се загушиле од чадот. Ова е најсмртоносен пожар во Бразил во последните пет децении.
Истрагата треба допрва да и утврди точните причини за пожарот, како и наводите дека причината за огромниот број на жртви е тоа што клубот имал само еден излез.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф поради ова трагедија ја прекина посетата на Чиле, каде присуствуваше на самитот на ЕУ и Јужна Америка и се упати на местото на несреќата.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: