Сандеј тајмс објави антиизраелска карикатура на денот на Холокаустот

Британскиот неделник „Сандеј тајмс“ Денот на сеќавањето на холокаустот го одбележа со антиизраелска карикатура на премиерот Бенјамин Нетанјаху како гради ѕид од крв и делови на тела на Палестинци кои лелекаат, јавуваат израелските медиуми.

„Оваа карикатура би била навредлива во било кој период од годината, но да ја објавите на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот е болно и предизвикува загриженост“ оцени претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Кантор, додавајќи дека таква бесчувствителност бара моментално извинување и од карикатуристите и од уредникот на весникот.

Зачудувачки, таа карикатура е објавена неколку дена откако единствената демократија на Блискиот исток, Израел, ги одржа демократските избори и додека над десетици илјади луѓе на Блискиот исток се касапат. Сандеј тајмс ја фокусира својата фантазија исклучиво на еврејската држава, оценуваат израелските медиуми.

Тоа е спротивно на многу критериуми изнесени во работната дефиниција за антисемитизам на Европскиот мониторинг центар за антисемитизам и ксенофобија.
Израелските медиуми потсетуваат дека антисемитските изјави се пренесени на насловните страници, откако британскиот пратеникот Дејвид Ворд ги обвини Евреите за секојдневно насилство над Палестинците и постави прашање како можеле тоа да го прават многу брзо по своето ослободување од логорот на смртта.

Во сабота навечер објавен е одговор од пратеникот на Либерално демократската партија на осудата поради таквите изјави. „Се обидував да ставам до знаење дека секој би требало да ја научи лекцијата од Холокаустот, се разбира дека ја признавам чувствителноста на тоа прашање во секоја доба, особено по повод комеморацијата овој викенд“ напишал британскиот пратеник на својата веб страница.

Тој сепак, нагласил дека неговите критики кон Израел остануваат силни како и секогаш.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: