Јапонија прогнизира раст на БДП од 2,5 отсто

Јапонската влада во понеделникот објави проценка според која реалниот раст на бруто домашниот производ најверојатно ќе изнесува 2,5 отсто во претстојната фискална година, којашто во оваа држава започнува на 1 април.

Со ова е извршена силна нагорна корекција, со оглед на првично објавената проценка летоска, според која беше прогнозиран раст од 1,7 отсто.

Најновата проценка за растот се совпаѓа со неодамна објавената прогноза на јапонската централна банка, но е значително на дочекувањата на аналитичарите, кои ги анкетираше Ројтерс. Тие проценуваат дека јапонскиот раст ќе изнесува 1,8 отсто.

Од друга страна, владата ја снижи проценката за растот на БДП на еден отсто во тековната фискална година, која завршува на 31 март, наспроти претходно проценетите 2,2 отсто.

Новата јапонска влада неодамна одобри 10.300 милијарди јени (114,4 милијарди американски долари) вредна програма за поттик на економијата.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: