Поради глад Севернокорејците стануваат канибали

Извештаите кои неодамна пристигнаа од Северна Кореја зборуваат дека провинциите Северен и Јужен Хвангае се погодени од глад, што ги тера луѓето на канибализам.

До сега, во овие провинции, од глад умреле 10.000 лица. Гладот е предизвикан од сушата и конфискација на храната од страна на партиските функционери.

Еден од најзапрепастувачките случаи е оној за човек кој подоцна е стрелан, затоа што ги убил и ги изел своите две деца.
Репортерите на  Asia Press, кои работат во тајност во оваа изолирана комунистичка земја, известија за старец кој го откопал и го изел телото на внучето, починато од глад.

Еден човек е уапсен откако го убил својот колега и изел одредени делови од неговото тело, а остатокот се обидел да го продаде на пазар.

Во мај, лани, стрелан е човек кој убил 11 луѓе, чии делови од телата подоцна ги продавал, пренесува Daily Mail.
„Во моето село во мај минатата година еден човек ги уби своите две деца и ги изеде. Набрзо потоа е стрелан“, вели еден од репортерите.

Репортерот Јиро Ишимару во својот извештај пишува дека, покрај се за што сведочел во оваа земја, најмногу го шокирале случаите на канибализам.
Според него, храната во овие две провинции е конфискувана и поделена меѓу жителите на Пјонгјанг.
И покрај раширената глад, 30-годишниот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, троши многу пари на лансирање ракети и нуклеарни тестови.

Северна Кореја во 1990-тите години беше погодена од недостаток на храна. Тогаш починаа меѓу 240.000 и 3,5 милиони луѓе.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: