Притворања на новинари во Иран

Иранските власти изминатиот викенд привеле повеќе десетици новинари поради поврзаност со „контрареволуционерните“ медиуми, во акција што западот ја оцени како координиран прогон на новинарите пред изборите.

Пет месеци пред одржувањето на иранските претседателски избори, се чини тамошното верско водство го засилува притисокот врз медиуми за да се избегнат масовни протести коишто избија во 2009 година кога опозицијата не ги признаваше изборните резултатите, пишува Reuters.

Новинарите вработени во реформистичките дневни весници Arman, Bahar, Etemaad, Shargh, неделникот Aseman и новинската агенција ILNA, се уапсени во неделата поради соработка со „контрареволуционерните“ медиуми, објави полуофицијалната новинска агенција Mehr.

Иако приведените новинари не повикувале на отворено несогласување со режимот во Техеран, овие медиуми објавувале написи за проблемите на иранското стопанство под санкциите што ги воведе западот поради контроверзната иранска нуклеарна програма, и често критикувале одделни политики на иранската влада.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: