Евакуација на терминал на аеродромот во Амстердам

Терминал на аеродромот Шипхол (Schiphol) во Амстердам во среда наутро е евакуиран откако е пронајден предмет за кој се смета дека е бомба од Втората светска војна, дознава  AFP од управата на аеродромот.

„Во текот на изведба на работи забележан е предмет за кој се верува дека се работи за бомба од Втората Светска Војна“, изјави Мариен де Биел, портпарол на аеродромот.

Терминалот Ц, од каде полетуваат авиони кон земјите од Шенген, е евакуиран поради претпазливост. Се очекува да има доцнења и откажувања на летови.

„Не знаеме колку долго ќе трае“, вели Де Биел.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: