Чачак: Се убил оти не можел да ја наплати отштета за убиениот син

Томислав Васовиќ  од Чачак, кој со сопругата протестирал пред судот барајќи отштета за убиениот син се обесил во неделата, бидејќи не можел да ја наплати отштетата .

Сопругата Руменка за агенцијата Бета изјавила дека нејзиниот маж се убил во неделата вечерта во изнајмен стан во којшто живееле со син, снаата и тројца внуци, а никој од нив не бил вработен.

„Не можеше веќе да ја издржи ни тагата, ни сиромаштијата, ни неправдата. Два дена протестиравме пред судот барајќи да ни се исплати отштетата за синот, бидејќи нашето седумчлено семејство нема од што да живее. Требаше да го продолжиме протестот и денеска, но мојот сопруг веќе го нема“ изјавила Руменка.

Руменка и Томислав, чиј син Далибор е убиен во 2001 година, простираа на 24 и 25 јануари пред Основниот суд во Чачак, бидејќи судот не им ја исплатил отштетата која им била ветена за време на првиот протест пред три месеци.

Нивниот син го убил Драган Крџиќ од Чачак, кој судот, по повеќе години судење, го прогласил за виновен и го осудил на четири години затвор и да им исплати отштета на семејството од 1,5 милиони динари.

Крџиќ ја отслужил затворската казна, но не ја исплатил отштетата.
Васовиќ протестирале со глад пред Основниот суд во Чачак пет дена на почетокот на ноември, 2012 година, а штрајкот го прекинале по ветувањето од надлежните во судот дека отштетата ќе биде наплатена.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: