Италија одобри помош за најстарата банка на светот

Разнишаната италијанска банка Monte dei Paschi Siena доби викендов нов државен заем по скандалот со губитоносната трговија со деривати и сега е во потрага во нов финансиски инвеститор.

„Би сакал да имаме долгорочен финансиски инвеститор. Националноста не е проблем, важно е да му верува на нашиот проект“, изјави директорот на банката, Алесандро Профумо.

Централната банка на Италија во саботата и ги одобри на Monte dei Paschi Siena бараните 3,9 милијарди евра државен заем. Со ова се отстрани последната пречка за доделување на финансиска помош на третата по големина италијанска банка, која минатата недела откри дека имала загуби во тргувањето со деривати кои би можеле да ја чинат 720 милиони долари.

Тосканската банка беше приморана лани да побара државна помош и тоа втор пат од 2009 година, откако беше издвоена меѓу четирите европски банки кои не успеале да ги исполнат новите строги правила на регулаторите поврзани со висината на капиталот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: