Европските берзи балансираат помеѓу разочараност и опимизам

Европските берзи на акции балансираа во понеделникот помеѓу разочарувачките вести од авионскиот сектор и оптимизмот во финансискиот сектор по најавата на банките за предвремено враќање на кредитите на Европската централна банка (ЕЦБ).

Лондонски FTSE порасна за благи 0,02 отсто, на 6.285 поени, исто толку се зголеми и парискиот CAC, кој изнесуваше 3.778 поени,  додека франкфуртски DAX беше во благ минус од 7.847 поени.

Најголем товар за берзите денеска беше секторот патување и одмори, кој во просек ослабна за 0,9 отсто, откако најголемиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair најави незначителен пораст на бројот на патниците, по што акцијата на оваа компанија ослабна за 1,5 отсто. Во загуба беше и easyJeт, чија акција падна за 1,8 отсто, по информацијата за заминување на претседателот на управата.

Меѓу добитниците се издвоија банките, кои повторно зајакнаа темелени на најавата дека во кредитодавателите во најкус рок ќе отплата значителен износ на кредити кои им ги одобри Европската централна банка, што сигнализира за закрепнување на финансискиот систем.
Финансиските институции добро стојат годинава. Банките се уште ги поправаат своите биланси во Европа, но со време инвеститорите ќе добијат значителен поврат на вложениот капитал по што ќе уследи и заработувачка“, проценува Чарлс Морис од HSBC.

Цените на акцијата на Barclays порасна во просек за 0,96 отсто, на HSBC за 1,08 отсто, BNP Paribas доби на вредност 1,06 отсто, Credit Agricole 2,14 отсто, а Deutsche Bank 0,83 отсто.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: