Фото: Држела инвалиди во подрумски кафези заради социјална помош

Линда Вестон (52) од САД е уапсена под обвинение дека со години држела затворени лица со инвалидитет во подрум. Исто така, обвинета е за киднапирање и малтретирање откако во нејзиниот подрум се пронајдени шест прегладнети лица во инвалидски колички, како и две деца.

Во подрумот на Линда пронајдени се вкупно десет лица, кои таа ги држела затворени цели десет години. Во текот на многугодишното малтретирање, две од нив починале.

Жртвите, како што е кажано од полицијата, биле врзани во подрум, а некои од нив биле заклучени во сандаци. Една од жртвите била врзана за бојлер.

Основата на овој грозоморен чин била социјалната помош која, откако Линда се пријавила како нивен старател, ја добивала цели десет години. За тој период таа собрала околу 212.000 долари.

Жртвите често ги оставала гладни и ги тепала, а како што е изјавено од полицијата врз основа на она што го пронашле, жртвите како тоалет користеле канти.

Пред 30 години, Линда била обвинета за смртта на Максин Ли, заболена од менингитис, која ја чувала и која починала од глад.

Овој пат, обвинета за киднапирање, присилување на жртвите да работат и малтретирање, Линда Вестон на суд изјавила дека не е виновна.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: