Шпанија нов светски првак во ракомет

Репрезентацијата на Шпанија е новиот светски првак во ракомет, откако во финалниот натпревар на 23-от Мундијал ја победија Данска со 35:19 (18:10). Шпанците на домашен терен го освоија второто светско злато, претходно најдобри беа на Мундијалот во 2005 година во Тунис.

„Црвената фурија“ во финалниот меч буквало ја оддува од теренот Данска, која во ниту еден момент о натпреварот не можеше да му парира на противникот.

Неверојатно делуваше, одбрамбената зона на Шпанија, а во нападот буквално погодуваа од секоја позиција. Шпанците првото полубвреме го завршија со 18:10, а во второто полувреме продолжија со ист стил, со тоа што дополнителна помош добија од голамнот Штербик.

Шпанците во 44-та минута стигнаа до неверојатна предност од 29:12. Канелас со седум, Ривера со шест, Агинагалде со пет и голманот Штербик со 14 одбрани ја предводеа Шпанија до втората мундијалска титула.

Единствена светла точка во очајниот дански тим беа голманите Ландин и Грин кои имаа по седм одбрани.

Следното светско првенство ќе се одржи во Катар во 2015 година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: