Дрогба се пресели во Галатасарај

Дидие Дрогба кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот великан Галатасарај, тој со оваа екипа потпишал 18-месечен договор. Со трансферот на Дрогба, Галатасарј дополнително ги засили своите редови, откако пред 10 дена го реализира и трансферот на Весли Снајдер.

Дрогба, според договорот, за 18 месеци ќе инкасира шест милиони евра, додека заисно од бројот на одиграните натпревари ќе може да заработи уште 500.000 евра.
Инаку Дрогба како бонус за потпишувањето на договорот добил и четири милиони евра.
Напаѓачот по освојувањето на Лигата на шампиони со Челзи се пресели во Кина, во редовите на Шангај Шенхуа, но го напушти тимот поради неисплатените плати.
34-годишниот напаѓач, на Галатасарај ќе му се приклучи во завршувањето на Африканскиот куп.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: