Хилари Клинтон остави отворена можност да се кандидира за американски претседател

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја остави отворена можноста да се кандидира на претседателските избори во 2016-та година.

Во заедничкото интервју за Си-Би-Ес (CBS) со претседателот Барак Обама, Клинтон изјави дека сè уште е на функцијата државен секретар, дека е надвор од политиката и е забрането да слуша прашања за евентуална кандидатура.

„Ниту претседателот Обама, ниту јас можеме да предвидиме што ќе се случи утре или следните години“, изјави Клинтон.

Во интервјуто, Обама ја пофали Клинтон, посочувајќи дека таа била една од најдобрите државни секретари што САД ги имале.
„Имавме убава соработка во последните четири години и ќе ми недостасува“, рече Обама.

Агенцијата Франс прес наведува дека Клинтон (65) не говорела јасно за своите намери во врска со кандидатурата, но и дека јавноста во Вашингтон е уверена во нејзината одлука да учествува во следната претседателска трка.
Клинтон на функцијата ќе биде заменета од сенаторот од Масачусетс, Џон Кери.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: