Каталонија бара помош од пет милијарди евра од властите во Шпанија

Презадолжената Каталонија, втората по големина шпанска покраина, денеска соопшти дека побарала финансиска помош од властите во Шпанија во вредност од пет милијарди евра.

Владата на оваа североисточна покраина, која оваа година треба да отплати долг од 40 милијарди евра, соопшти дека ќе побара средства од новоформираниот фонд за регионална ликвидност вреден 18 милијарди евра.

– Владата одлучи да побара средства од фондот за регионална ликвидност меѓутоа без прифаќање на политички услови, изјави портпаролот на каталонската Влада Франсес Хомс.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека централната Влада ќе и помогне на Каталонија.

– Ќе и помогнеме на Каталонија, како што им помагаме на сите други региони. Тие региони се дел од Шпанија, според тоа, шпанската Влада нема да ги мие рацете од своите региони, додаде Рахој.

Пронајдете не на следниве мрежи: