Путин го отстрани претседателот на Дагестан

Рускиот претседател Владимир Путин го отстрани од должноста претседател на јужната република Дагестан, Магомедсалам Магомедов, соопшти во понеделникот Кремљ.

Владимир Путин го именуваше 49-годишнито Магомедслаам Магомедов, кој беше на чело на кавкаската република Дагестан од 2010 година, на друга функција во претседателската администрација, се наведува во соопштението издадено од Кремљ. Западот го толкуваше ова како загриженост за кремљ за зголеменото насилство на исламистите, корупцијата и политичките судири во областа на Кавказот.

На местото претседател на Дагестан сега е именуван 67-годишниот Рамзан Абдулатипов, но не се соопштени причините за оваа смена
Русија последните години се бори со бунтот во републиките покраините на северната страна на Кавказ каде е доминантна муслиманската популација. Дагестан прерасна во центар на исламистичкото насилство  насочено против претставниците на владините и безбедносните сили, локалните власти, шиитското муслиманско малцинство и верските лидери кои го отфрлаат екстремизмот.

Во петокот началникот на регионалната канцеларија на министерството за внатрешни работи Сергеј Ченчик, минатата 2012 година во овој регион биле убиени 211 припадници на безбедносните сили во зоната на Северен Кавказ. Безбедносните сили, пак, убиле 391 бунтовник, меѓу кои многу команданти на исламистичките групации. Покрај тоа, уапсени се 461 бунтовник и нивни помагачи, а запленети се големи количества муниција, експлозиви и разни видови оружје.
Според прелиминарните податоци на регионалната канцеларијана министерството за внатрешни работи, 40-те бунтовнички групи кои во моментот дејствуваат на подрачјето на Северен Кавказ, бројат околу 600 активни членови. Повеќето од тие групи се наоѓаат во Чеченија, околу десет, и во соседниот Дагестан – 16.

И покрај многуте акции за нивно неутрализирање, регионалните власти нагласуваат дека „бунтовниците и натаму привлекуваат нови членови”.
Русија се обидува да ги уништи милитантните групи во Северен Кавказ, додека истовремено спроведува програми за заживување на локалната економија. Кремљ ја заврши својата еднодецениска кампања против сепаратистите во Чеченија во 2009 година каде од 1994 година се регистрирани на сите страни вкупно 250 илјади жртви, но сé уште се бори против преостанатите милитантни групи кои не прифаќаат примирје во Чеченија и околните републики, во прв ред Дагестан и Ингушетија.
Од 2010 година на територијата на Северен Кавказ, забележано е значително зголемување на активностите на милитантите. Руските севернокавкаски републики, а особено Дагестан, Чеченија и Ингушетија, се соочени со драматичен пораст на активностите на милитантите, при што напади на полициските и федералните службеници се пријавуваат речиси секојдневно.

Во 2011 година за разлика од 2009 година стопроцентно беше зголемен бројот на терористички напади. Руските федерални полициски сили одговорија на тоа со елиминација на повеќе од 300 милитанти. Притоа запленети се преку 1.665 огнени оружја, 1.200 килограми експлозив, како и 110 експлозивни направи. Меѓу убиените бунтовници, 16 се повидни лидери на милитантите, а спречени се 58 терористички дејствија.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: