Дневен ХОРОСКОП за 29.08.2012

Loading...

Проверете што велат ѕвездите за вас и тоа како ќе ви помине денешниот ден. Хороскоп за ден 29.08.2012.

 

ОВЕН

Отворете ги картите пред вашиот партнер. Ова е одличен ден за да му кажете што ѝ недостига на вашата врска. Предложете промени, но и ислушајте ги неговите ставови. Врската ја прават двајца, па не донесувајте самостојни одлуки.Ако не сте во врска, тргнете ја маската и покажете го вистинското лице пред личноста која ви се допаѓа.

БИК

Апсурдно е да мислите дека имате одговор за сè и дека можете да се борите сами против сите. Денес ќе ви биде неопходна помош од најблиските.Не ги игнорирајте советите од машките членови на вашето семејство. Активното слушање на советите ќе ви овозможи да ставите крај на ваш голем проблем.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе ги соберете сите под вашиот друштвен чадор – пријатели, роднини, колеги. Колку повеќе луѓе, толку забавата ќе биде поголема. Вие ќе бидете причина за одличната атмосфера и среќните лица кои ќе ве опкружуваат.Избегнувајте ги негативците кои прават сè за да ги заразат и другите со својата лоша енергија.

РАК

Не дозволувајте да ве заслепат убавите, блескави нешта. Денес ѕирнете зад прекрасниот изглед на луѓето и откријте ги нивните вистински карактери и скриени мисли. Отворете се само пред оние чиј сјај доаѓа однатре.Не ја игнорирајте потребата на партнерот да биде ислушан.

ЛАВ

Денес контролирајте ги своите емоции. Избувнувањето лесно може да ја наруши хармонијата во вашата врска и да го разочара саканиот. Решавајте ги проблемите со ладна глава.Ако не сте во врска, личност од спротивниот пол ќе ја разбуди во вас љубомората. Воздржете се од правење на љубоморни сцени.

ДЕВИЦА

Денес опкружете се со најубавото. Ќе ви биде потребна мотивација за да бидете среќни, па подарете си самите нешто прекрасно, нешто кое ќе направи да се почувствувате специјални.Игнорирањето на вашите потреби ќе влијае негативно и на односите со најблиските.

ВАГА

Убаво е да бидете задоволни со она што го имате, но не ја губете амбицијата да постигнете и нешто повеќе. Држете ги очите отворени за секоја укажана можност за напредок на професионален план.Размислете двапати дали сакате да се впуштите во дадена авантура или пак да прифатите нечија понуда.

ШКОРПИЈА

Денес вашата самодоверба ќе го достигне врвот, па решително ќе започнете со нов амбициозен проект. И ќе го реализирате. Благодарение на силната желба за успех, за вас нема да има невозможни мисии.Не ја потискајте вашата оригиналност. Таа ќе ве одведе до врвот по пократок пат.

СТРЕЛЕЦ

Денес излезете од вашата сигурна зона и запливајте во непознати области. Оставете го вашиот авантуристички дух да ве одведе на места каде не сте биле досега. Прекрасно е кога ќе почувствувате дека растете како личност, зарем не?Одржувајте ги врските на далечина. Некои од нив ќе преминат во бизнис контакти.

ЈАРЕЦ

Избегнувајте ги дискусиите на чувствителни теми. Денес одредена дебата може да биде причина да ја изгубите смиреноста и да навредите личност која не ги заслужува вашите болни вербални убоди.Секој треба да има граници во однесувањето, а вам тие дефинитивно ќе ви бидат потребни денес

ВОДОЛИЈА

Ви претстојат значајни промени во стилот на живот. Ваши или туѓи здравствени проблеми ќе ве потсетат на важноста на физичката активност и здравата исхрана. Ова е одличен ден за откажување од одредена нездрава навика.Изговорите никому не помагаат, па обидете се да ги исфрлите од мислите и разговорите.

РИБИ

Денес ќе ја покажете својата борбеност и ќе застанете на страната на правдата. Ќе заштитите личност од вашето окружување, макар и тоа да има негативни последици за вас.Проблемите решавајте ги лице в лице. Добрата комуникација гради мостови дури и меѓу најлошите непријатели.

loading...
Loading...