Куку Леле со настап по 10 години пауза

Една од најдобрите македонски музички групи, Куку Леле, на 2-ри март ќе има свој настап во клубот Ванила.

По пауза од 10 години, тие решија да ги израдуваат своите фанови и да настапат во клубот Ванила. Нивните евергрини како „Сама“, „Лажи лажи“, „Не плачи, не жали“, „Се е против нас“ и многу други, се препеани од многу бендови во клубовите ширум земјава, но мора да признаеме дека гласот на Панки е незаменлив.

На својот Фејсбук профил, управителот на клубот Ванила, Јовица Крстаноски, ја објави оваа вест, а наскоро ќе следуваат повеќе информации за овој настап на легендарните Куку Леле.

 

 

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: