Унгарија и Малта противници на Македонија во второто коло на Шаховската Олимпијада

Loading...

На Шаховската Олимпијада која се одржува во Истанбул (Турција) денеска на програмата се натпреварите од 2. коло, а противници на македонските селекции се Унгарија и Малта.

Машката репрезентација ќе игра против четврторангираната Унгарија и по вчерашниот максимален триумф против Макао ќе се обиде да оствари позитивен резултат против фаворизираните Унгарци.

Во составот на Македонија за овој меч најавени се следниве играчи: прва табла – Владимир Георгиев; втора табла – Трајко Недев; трета табла – Филип Панчевси и четврта табла – Атанас Кизов.

Македонската женска селекција ќе игра против Малта во состав: Габриела Коскоска, Моника Стојковска, Драгана Николовска и Симона Лакинска. Вчера македонските шахистки убедливо загубија од Индија.

 

Извор: МИА

loading...
Loading...