Запленети над 800 кг. дрога во Албанија

Loading...

Албанската полиција во среда во две различлни акции заплени над 800 килограми дрога од типот марихуана произведена во земјата, јави дописникот на Макфакс од Тирана .

Во пристаништето во Драч, во моментот кога еден камион со албанска регистарска табличка влегувал во терминалот, при претрес се пронајдени 720 килограми марихуана, пакувана по 20 кг. во 36 чанти.

Втората акција албанската полиција ја спроведе во јужниот дел од земјата  и притоа заплени 93 кг. исто така марихуана. Во една блиска шума кај селото Неправишта на границата со Грција, четири лица албански државјани пренесувале дрога, а полицијата ги спречила во тоа.

Во двете акции дрогата требало да биде пренесена од Албанија кон Италија и Грција.

макфакс

loading...
Loading...