На западните простори сѐ повеќе се популарни Новиот светски поредок и Новата светска религија, кои се базираат на New Age – група древни, пагански религии и спиритуални пракси кои се помешани со христијанството и спакувани во нов термин наречен „Ново доба“.Овој термин го измислила Алиса Бејли, која е голем окултист чија пракса e раширeна на Западот. Како и сите други окултисти, таа имала свој духовен водач – демон, на кого му била медиум.
Било кој астролог, шаман, реики мајстор или поборник на „Новото доба“, без двоумење ќе ви рече дека покрај себе имаат демони на кои им стојат на услуга, но и духовни водачи – демони, на кои им служат како медиуми.
Алиса Бејли имала свој демон кој се вика Диавал Кул, кој ѝ рекол каков план постои за децата од „Новото доба“. Тоа се случило во првата половина од минатиот век, а „Новото доба“ веќе е тука, како и сето она што го кажал нејзиниот демон.
План на Светската влада:
1. Децата од иднината ќе ѝ служат само на една светска влада и ќе припаѓаат на единствена светска култура, со цел да се достигне планетарниот начин на живот, планетарна етика и планетарен начин на чувства.
2. За да дојде до тоа, потребно е да се уништи патриотизмот и да се урнат државните граници.
3. Тогаш ќе настане религија на „универзалните вистини“, која ќе ги спои христијанството и ориенталниот мистицизам.
4. Децата ќе ги примораат своите родители да учествуваат во создавањето на Новиот свет.
5. Децата ќе знаат дека мора да се уништат оние кои ќе го одбијат Новиот светски поредок.
6. Традиционалните семејства ќе се противат на целите на „Новото доба“. Децата треба да им припаѓаат на владата, светот и општеството, а не на родителите. Мора да се создаде нов вид на семејство во кое поединецот ќе ја потчини својата личност на духот на целината.
7. Во новиот светски поредок, младите ќе ги подготвуваат учители за да го поминат животот во хармонија.
8. Младите мора да веруваат во реинкарнација и карма, а не во воскреснување од мртвите и Божјиот суд. Верата во кармата мора да управува со нивното однесување, посебно сексуалното.
9. Бесмислените поими како што се „грев“ и „вина“ не смеат да им се наметнуваат на децата, но треба да се поттикнува нивната сколност кон толеранцијата.
10. Сите религии се еднакви: од христијанството до вештерството.
11. Исус Христос нема да го спаси светот. Спасителот ќе биде Антихрист Маитреја.
12. Христијанското учење за рајот, пеколот и судот е апсолутно неточно и непотребно. Таквата идеја потекнува од Стариот завет кој е полн со омраза и љубомора.
13. Религијата на „Новото доба“ не го препознава Исус како спасител. Христијанството мора да биде заменето со нови размислувања, во кои постои само една религија.
14. Новата религија ќе ги обедини сите светски религии.Овој термин го измислила Алиса Бејли, која е голем окултист чија пракса e раширeна на Западот. Како и сите други окултисти, таа имала свој духовен